Министерот за здравство Венко Филипче информира дека од утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.
Овој пат најден е трет донор, откако претходно тоа го сторија семејствата на Емилија Динева и Верица Белчовска. На двајца пациенти дополнително ќе им се трансплантираат бубрези.
Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа, порача Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.