Утре средба ќе остварат претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според неофицијалните информации средбата ќе се одржи во Вила Водно во 15 часот.
А, Владимир Нелоски, на попладневната прес конференција изјави дека од оваа средба очекува заеднички став за уставобранителите.
-Очекување е да се излезе со заеднички став околу вистинската правда за уставобранителите, и очекуваме да Зоран Заев конечно ги тргне рацете од судството и обвинителството и овие луѓе кои се невини обвинети и за дело кое не го сториле конечно да добијат можност да се бранат и да ја докажат својата невиност, рече Нелоски.