Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Текстот Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност е превземен од МАКФАКС.