Во тек се подготовките за вториот собир ,,Коридор 8 ” организиран од подкастот со истото име што се емитува на You Tube, со водители Георги Станков и Атанас Величков.
Вториот македонско-бугарски собир ќе се одржи утре со почеток од 12 часот, во околината на Крива Паланка, покрај вила „Ана Марија“, во село Дурачка Река, јавува Трибуна.

Организаторите ги покануваат сите добронамерни граѓани на РС Македонија и Бугарија да земат учество во македонско-бугарскиот собир ,,Коридор 8″.

„Уникатниот македонско-бугарски подкаст „Коридор 8“ постои за развивање и зајакнување на врските меѓу обичните луѓе во двете земји!Најважното нешто што треба да се знае:

1. Сите добронамерни луѓе се добредојдени.
2. Нашиот собир е неполитички и непартиски! Нема партиски знамиња и симболи. Ќе има само национални знамиња на Бугарија и Македонија.
3. Секој си носи своја храна и пијалоци, кои може да ги сподели со другите учесници. Секој мора да обезбеди своја вилушка, лажица, нож и чинија.
4. Не зборуваме за историја и актуелна политика. Исклучок правиме само за руската империјалистичка, сурова и нехумана војна против Украина.
5. Официјалното отворање на состанокот започнува во 12:00 по македонско време.
6. Во културната програма на собирот ќе ја претставиме авторската стихозбирка „Неосамнати предели“ од македонскиот писател Миле Неделкоски (во Бугарија познат како сценарист на филмот „Подгревање на вчерашниот ручек“). Ве очекуваме!“, пишуваат организаторите на собирот од подкастот „Коридор 8“

Потсетуваме дека минатото лето во Ѓуешево Бугарија, во близина на железничката станица во селото се одржа првото издание на македонско-бугарскиот собир за пријателство „Коридор 8“.