Точно една недела по смртта на петгодишната Јана Христовска, утре во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе се одржи протест под мотото „Правда за Јана“. Го организираат семејството Христовски, роднини и пријатели. Девојчето почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат по вонредниот увид објавија дека немало пропусти во лекувањето и дека кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.