Германската канцеларка Ангела Меркел утре е во посета на Белград, каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, а во вторник во Тирана ја завршува европската турнеја, каде што ќе има средба со премиерот Еди Рама, но и со шефовите на владите на Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Advertisements

Вучиќ изјави дека посетата на Меркел е „голема чест за Србија и можност да ѝ се изрази благодарност за се што направи за земјата и за регионот, за време на нејзиниот долг и успешен мандат“, пренесе Бета.

Канцеларијата на германската канцеларка претходно објави дека разговорите меѓу двајцата државници ќе се фокусираат на билатералните односи, економските и политичките прашања и на европската перспектива .Како што беше соопшти српското претседателство, германската канцеларка ќе слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград околу 16 часот, а свечена церемонија за добредојде ќе се одржи пред Палатата на Србија, околу 18 часот, по што таа ќе разговара со Вучиќ, а потоа ќе се обратат пред медиумите.

Во вторник , Меркел патува за Тирана, каде што, меѓу другото, се очекува да има средба и со македонскиот премиер Зоран Заев, покрај другите премиери од Западен Балкан.