Од утре за влез и излез од Северна Македонија ќе се бара потврда за примени две вакцини, потврда за прележан Ковид-19 во посоедните 45 дена сметајќи од денот на издравувањето и негативен ПСР тест направен 72 часа пред излез од територијата на Северна Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.
Ваква одлука донесе владата надополнувајќи ги мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19.
Странците што ќе влезат во земјата без ниту еден од овие документи, а ќе резултаираат негативен на ПСР тест, карантинот ќе им се скрати од седум на пет дена, а трошоците за изолација ќе ги платат сами.
Од овие рестрикции ќе се исклучат нашите државјани возачи на товарни моторни возила, како и за возачи на товарни возила странски државјани кои транзитираат низ земјата.
Истата мерка ќе важи и за транзит за авионските екипажи кои слетуваат на меѓународните аеродроми во земјата, според кој наместо 5 часа им се дозволува подолг транзит престој заради природата на нивната работа.