Синдикалната организација „Солидарност“ во Управата за јавни приходи информира дека утре ќе се одржи првата работна средба со работодавачот УЈП и новиот помирувач Илија Манасиев во врска со зголемување на платите.

-Согласно законската регулатива, процесот на помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и Управата за јавни приходи како работодавач, заедно со помирувачот  отпочнува со првата работна средба, која ќе се одржи утре во просториите на Управата за јавни приходи-Генерална дирекција, се вели во соопштението на „Солидарност“.

Манасиев е назначен откако претходниот помирувач Лазар Јовевски се откажа поради тоа што бил во странство.

Вработените во УЈП бараат зголемување на платите за 30 проценти, а доколку не биде постигнат договор, најавија генерален штрајк. Во меѓувреме, секој ден одржуваат двочасовни протести.