Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Потоа, следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

Текстот Утре сончево време, со локална појава на дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.