Утре попладне пред Скопскиот суд ќе се организира протест против пресудите за случајот Монструм.
Протестот е најавен од роднините на првостепено осудените, веднаш откако судот изрече три доживотни казни затвор, две затворски казни од 9 и 15 години и една ослободителна пресуда.
Бедри Ајдари, родина на еден од осудените, по објавување на одлуката на судот изјави дека Северна Македонија е несериозна држава, која нема ниту има сериозни институции.
„Дали слушнавте кои се организаторите на убиството? Кои се мотивите? Најавувам протести, не за да рушиме еден систем за да доведеме друг, туку за правниот систем да се регулира. Тоа не се случи, затоа бараме од политичките партии да се повлечат од оваа одлука и да протестираат заедно со нас“, рече Ајдари.
На доживотен затвор за тероризам осудени се Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири доби 9, а Фејзи Азири 15 години затвор за помагање.
Сами Љута доби е ослободен откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.
Според најавите, протестот ќе започне околу 13 часот во паркот „Чаир“, а ќе продолжи кон Основниот кривичен суд, од каде демонстрантите ќе маршираат кон Собранието, а ќе заврши пред Владата.
Поради тоа, сообраќајот ќе се пренасочи на алтернативни улици и булевари.