Министерството за здравство попладнево соопшти дека утре на меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат 500-те илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“.

Пратката вакцини ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство, Иванка Стојаноски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Вчера попладне пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер“ набавени преку Ковакс системот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани.