Утре Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија започнува со протести кои ќе се одржуваат со почеток во 16,00 часот пред Собрание и ќе траат до 17,00 завршувајќи пред Влада. Протестите се предвидени да траат до 29 април, информираат од КСС, а причината поради која се одржуваат се барањата на синдикатите за усогласување на платите во согласност со минималната плата. Дел од овој протест ќе бидат и гранските синдикати при КСС, како што се Синдикат на администрација, Синдикат за транспорт и врски, Синдикат на станбено деловни и комунанални организации, Самостоен синдикат на работниците од енергетика и Синдикат на полиција.