Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел утре избира нов лидер на партијата. Во трка за местото кое може да доведе и до преземање на местото шеф на германската влада, се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, поранешниот лидер на парламентарната група на ЦДУ, Фридрих Мерц и сегашниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лачет.
По 16 години „владеење“, „чевлите“ на Меркел во кои ќе треба да влезе новиот шеф на партијата се многу големи, а со тоа и одговорноста што ја имаат делегатите при изборот на лидерот на партијата. Исходот од изборите, што ќе се одржат дигитално утре, според германските медиуми е целосно отворен, со мала предност за Мерц.
– Advertisement –