Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO), утре, вторник, 11.03.2025 година и во среда 12.03.2025 година, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на утре (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.03.2025 година (среда), во с. Башино село, најави АХВ.

Ја известуваат јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино село, дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба која ќе се реализира по однапред утврдено сценарио и ќе опфати активности кои би се презеле во случај на појава на болеста. Целта на симулациската вежба е утврдување на добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите.

На вежбата ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија.

Текстот Утре и задутре во Велес и во Башино Село, симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите е превземен од МАКФАКС.