Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со министерот за здравство, Венко Филипче утре 15.05.2021г. (сабота) во поликлиниката „Јане Сандански“, пред складиштето за вакцини во 09:00 часот, ќе ја примат донацијата од Министерството за одбрана на Народна Република Кина од 100.000 вакцини.
По примопредавањето на вакцините министрите Шекеринска и Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо ќе дадат изјави за медиумите.
Согласно мерките за заштита од КОВИД-19, задолжително е одржување на растојание, носење на заштитна маска.
Претходно пристигнаа 200 илјади вакцини од Синофарм.