Јутјуберот и шминкер Џејмс Чарлс повторно се најде во скандал откако неколку малолетници го обвинија за несоодветни пораки со сексуална конотација. Тој сними видео во кое ја раскажа својата страна од приказната.

Тие разговори никогаш не требаше да се случат. Точка“, рече во видеото популарниот Чарлс.

Познатиот јутјубер призна дека испраќал пораки со сексуална содржина на двајца 16-годишници, што е само уште еден од низата скандали и обвинувања со кои се соочува изминатите години.

Нема изговор и јас ја преземам целата одговорност за тоа што се случи“, додаде Чарлс.

Верував на информациите што ги добив, наместо да ги проверам. Во двете ситуации, со кратко пребарување на нивните јавни профили на социјалните мрежи би ја открил нивната вистинска возраст и тие разговори не би се случиле воопшто. Но, јас не ги проверив информациите што ми ги дадоа и затоа целата ситуација е многу непријатна. Како возрасна личност, требаше да го проверам ова и затоа никој освен мене не е виновен за сè што се случи“, објасни тој во своето обраќање на „Јутјуб“.

На момците сакам да им кажам дека ми е жал што ги додадов, што флертував со нив и многу ми е жал ако некогаш се чувствувале непријатно поради мене“, рече тој.

Во мај 2019 година, инфлуенсерот Гејџ Гомез, кој во тоа време имал 20 години, го обвини Чарлс дека го довел во „сексуални ситуации“, иако му рекол дека не го привлекуваат мажи. Наскоро Чарлс одговори на обвинувањата преку својот твитер-профил велејќи дека тој и Гомез разговарале пет месеци пред наводниот инцидент тврдејќи дека сè е консензуално, пишува списанието „Vulture“.

Во февруари, 16-годишно момче тврдеше дека Чарлс го вознемирувал сексуално и го убедувал да споделува сексуални фотографии преку апликацијата „Снепчет“. Чарлс се изјасни против обвинувањата тврдејќи дека во моментот на интеракција не бил свесен дека момчето е малолетно.

Потоа се појавија уште тројца мажи споделувајќи ги своите негативни сексуални искуства со Чарлс.

Едно 17-годишно момче сподели дел од разговорите во кои се наведува дека Чарлс продолжил да флертува со него преку на социјалната мрежа „Инстаграм“ дури и откако ги дознал неговите години.

И маж чија возраст не е позната се појави да го сподели својот негативен, сексуално мотивиран разговор со Чарлс.

Минатиот месец, 15-годишен тинејџер на социјалната мрежа „ТикТок“ сподели дел од разговори и фотографии што ги разменил со Чарлс. Откако момчето го сподели ова тој тврдеше дека Чарлс го блокирал и го обвинил дека лаже за неговата возраст иако, како што вели, Чарлс секогаш бил свесен дека се допишува со малолетник.