Компанијата „Јутјуб“ ќе ги блокира сите содржини против вакцини на својата веб-страница, објави „Вашингтон пост“.
Во извештајот се наведува дека компанијата ќе забрани содржина против вакцини што не се однесува само на вакцини против ковид-19, туку и на други вакцини, како што се оние против мали и големи сипаници.
Повикувајќи се на зборовите на потпретседателот на „Јутјуб“ за прашања од глобална доверба и безбедност, Мет Халприн, „Вашингтон пост“ посочува дека компанијата ќе забрани и познати активисти кои се борат против вакцините и дека ќе го стори тоа со откажување на неколку профили.
-Ова вклучува содржини што лажно тврдат дека одобрените вакцини предизвикуваат аутизам, рак или неплодност, или дека супстанциите во вакцините можат да ги следат оние што ги примиле – се вели во соопштението на компанијата.
Платформата претходно воведе правило за забрана на дезинформации во врска со коронавирусот за време на пандемија, вклучително и оние за лекување и превенција.
Меѓутоа, во средата, таа инаведе дека лажните тврдења се прелеале и во други области на медицината.