Натпреварот од третото коло во Серија А помеѓу Јувентус и Наполи ќе биде дополнително одигран откако е усвоена жалбата на наполитанците натпреварот да биде регистриран со службен резултат 3:0.
Натпреварот требаше да се одигра на 4. октомври, но Наполи не отпатува во Торино бидејќи беше утврдено дека двајца играчи се позитивни на кронавирус. Целиот тим на Наполи остана во карантин и тоа по препорака на локалните здравствени власти.
Дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација утврди дека дека Наполи не го почитувал претходно донесениот протокол поради што го регистрира резултатот со службени 3:0 во корист на Јувентус. Исто така на Наполи му беше одземен еден бод.
Наполи потоа се жалеше на оваа одлука, а откако беа одбиени од Серија А и ФИГЦ, случајот заврши пред Италијанскиот олимписки комитет кој ја усвои жалбата на наполитанците и нареди натпреварот дополнително да се одигра.
Исто така, на Наполи му е вратен одземениот бод, додека Јувентус остана без трите бодови од службената победа.