Сабит Билали, фудбалерот кој е слободен агент по раскинот на договорот со Шкендија и неговиот случај за клоцнување за фудбалер на Академија Пандев повторно се враќа на Дисциплинска комисија.
ФФМ го казни Билали затоа што во ноември клоцна играч на струмичани пред финишот на мечот меѓу Шкендија и Академија Пандев, а мерката беше суспензија од шест месеци од фудбалот. Меѓутоа, во „Макфудбал“ објавено е дека усвоена е жалбата на Билали и дека се укинува одлуката тој да биде казнет шест месеци. Предметот околу играчот повторно се враќа на Дисциплинска.
Во жалбените наводи, Билали се жали на видот и висината на изречената санкција од првостепениот орган сметајќи дека истата е превисока поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба од страна на комисијата./Gol.mk/