Владата го скрои Законот за отпис на камати на граѓаните кон јавните претпријатија и можноста главниот долг да се исплати на максимум 12 месечни рати. Со оваа мерка се очекува да се опфатат 150 илјади граѓани. Мерката ќе треба најпрво да биде изгласан од пратениците во законодавниот дом. Обврска на јавните претпријатија и на УЈП ќе биде во рок од три месеци да ја утврдат листата на должници, а потоа во рок од 15 дена да склучат договори со граѓаните за репрограмирање на долговите.

Advertisements

„Го земам за пример скопски Водовод во рок од 90 дена е должен да ги објави податоците за да може да се усогласат побарувањата со долговите, самото претпријатие со коминтентите односно граѓаните. После, во рок од 15 да почне со постапката на склучување на договорите за исплата на рати на главниот долг заради бришење на каматите. Не мора граѓаните да чекаат граѓаните да чекаат 90 дена кога ќе се донесе Законот и се објави со Службен весник може сами да се обратат“, рече Зев.

Граѓаните кој ќе склучат договор ќе треба да ги плаќаат ратите навремено согласно договорот. Доколку не ги плаќаат ратите повторно ќе се вратат каматите за направениот долг. Отпис на долгови според оваа мерки би можело само да има за неплатени сметки за вода, канализација, данок на имот и слично, но не и за сметките за струја, телефон, бидејќи станува збор за приватни компании. Премиерот испрати апел приватните компании да се приклучат кон оваа мерка. Засега нема анализа колкава е вкупната висина на камати која се планира да се отпише, ниту за тоа колку е вкупниот долг кон јавните претпријатија.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе