На гостите на свадба да им се мери температура на влез, да не се ракуваат, ниту прегрнуваат, на маса да седат најмногу по 6 лица, а бројот на гостите да биде максимум 50% од вкупниот капацитетот, но не повеќе од 100. Ова се само дел од мерките кои произлегуваат од Протоколот за организирање свадби веселби и прослави на отворено кој денеска го усвои Владата. Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа ги објасни деталите:
-На влезот на објектот каде се одржува свадбата да бидат поставени средства за дезинфекција и да се мери температура. Терасите да биде отворени од три страни. Забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид физички контакт со гостите. Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање музичари, односно естрадни уметници кои пак треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4m2 по лице, запазувајќи ја препорачаната дистанца, изјави портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа.