Промена на устав ќе има и тоа со дел од пратениците кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова го тврди поранешниот претседател на Либералната партија Ивон Величковски, кој гостуваше во Клик Плус. Како што вели тој сценарија „Крсто Мукоски“, како што беше за промена на името, во овој случај нема да има, но според него има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат за уставните измени за Македонија и официјално да ги почне преговорите со ЕУ. Инаку, Величковски во Клик Плус откри дека се формира нова партија, или движење „Нова Република“ на чие чело ќе биде токму тој.

-Веќе ги забележуваме сите раслојувања во СДСМ, во ДУИ, такви раслојувања има и во ВМРО-ДПМНЕ. Пред околу месец дена пишав, или Христијан ќе престане да го следи Димитар (Левица) или ВМРО-ДПМНЕ нема да го следи Мицкоски. Тој процес внатре кај нив исто така постои. Тоа не значи дека е видлив, тоа не значи дека е многу активен. Таа партија секогаш успеавала во добар дел да ги држи прикриени внатрешните кавги, изјави Ивон Величковски – екс претседател на либернална партија