По инцијатива на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска, безбедно и успешно е отстранета опасната карпа пред првиот тунел (Катлановско) на автопатот Скопје – Велес, а во координација и реализација со ЈП за државни патишта и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта („Македонијапат“).
„Конкретно, во рамки на постојано активната кампања на ЦУК „Пријави опасност“ по пријава на граѓани на Единствениот повикувачки број 112, од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш за забележаната опасна состојба и положба на распукана карпа се информирани надлежните за соодветна натамошна постапка за отстранување на потенцијална опасност, согласно оперативните процедури и стручни проценки на јавното претпријатие“, информира ЦУК.
Текстот Успешно отстранета опасна карпа од над автопатот Скопје – Велес, информира ЦУК е превземен од МАКФАКС.