Во големите поплави кои ги погодија турските градови кај крајбрежјето на Црното море, животот го загубија најмалку 27 лица, соопштија од Службата за вонредни состојби на Турција, пренесува Ројтерс.
Поплавите предизвикаа хаос во северните провинции, додека на југот од земјата властите две недели се борат со пожари.
Во провинцијата Кастамона загинале 25 лица поради поплавите, а уште две лица загинале во Синоп.
Повеќе од 1,700 луѓе биле евакуирани од погодените области, а некои од нив морале да се евакуираат со чамци и хеликоптери.