Властите се уште не разговарале за тоа дали ќе има продолжување или не на рестриктивните мерки против Ковид 19.
Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена најави дека ова прашање ќе се дискутира за време на викендот. Ограничувањата важат до 20 април. Филипче рече дека продолжувањето на мерките зависи од епидемиолошката состојба.
Во моментов има над 20 илјади активни случаи во земјава со ковид 19. Од почетокот на пандемијата до денес, регистрирани се над 145 илјади позитивни случаи, додека бројот на излекувани е околу 122 илјади.