Полицаецот Брајан Сикник им подлегнал на повредите добиени за време на немирите предизвикани од демонстрантите кои упаднаа во зградата на Капитол Хил во Вашингтон. 

„Офицерот Сикник беше повреден во судир со демонстрантите“, соопшти полицијата.

Тој е петта жртва кој почина од повреди добиени во средата, за време на упадот во Капитол Хил од страна на приврзаниците на Доналд Трамп.

За време на немирите беа ангажирани илјадници полицајци и припадници на Националната гарда кои беа распоредени во Вашингтон, а засега уапсени се 68 лица.