Државниот орган за гаранција за лични податоци побара од социјалната мрежа Тик ток веднаш да ги блокира сите корисници чија старост не е потврдена со сигурност, пишува италијанскиот весник „Ил фато куотидијано“.

Барањето уследи откако десетгодишно девојче од Палермо почина задушено, очигледно учествувајќи во апсурдната игра „предизвик“, една од многуте распространети на платформата и популарна меѓу младите.

– Advertisement –

Девојчето е пронајдено во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор, итно е пренесена во болница, но лекарите не можеле да ја спасат.

Полицијата го истражува мобилниот телефон на девојчето, кое имало неколку профили на Фејсбук и Тик ток. Се верува дека последното видео на девојчето додека учествувало во играта „предизвик“ ќе биде во нејзиниот мобилен телефон, но евентуално и трагата до оној што ја охрабрил на тоа.

Родителите на девојчето се согласиле нејзини органи да бидат трансплантирани и да спасат живот на четири болни деца.

Прикажи повеќе