Една од најголемите млади актерски sвезди на поранешна Југославија, а денес клинички невропсихолог, Мерима Исаковиќ, го обвини актерот Бранислав Лешиќ во признание за „Неделник“ дека ја силувал пред 43 години.
Исаковиќ беше една од најголемите млади актерски sвезди на Југославија и ја имаше главната улога во филмот „Јован Лукин“, но на 21-годишна возраст доживеала тешка сообраќајна несреќа, по која останала инвалид.
По завршувањето на докторските студии по психологија и магистерските студии по клиничка психологија, таа сега живее и работи во Австралија, близу Бризбејн, како клинички психолог и клинички невропсихолог.
Исаковиќ за „Неделник“ изјавила дека Лешиќ ја силувал во 1978 година, кога имала 18 години.
„Јас ти простувам, му реков тогаш, пред четириесет години. Простувам, но не заборавам. Никогаш нема да ја разберете болката што ми ја нанесете. Повеќекратна болка. Ако некогаш слушнам дека си предизвикал слична болка на некого, ќе им кажам на сите што се случило“, изјавила таа за „Неделник“.
„Јас го одржав зборот. Бранислав Лечиќ изгледа не! Чувствувам морална обврска да го споделам моето искуство во надеж дека моето признание ќе ја поддржи Даниела Штајнфелд и другите жртви на сексуално злоставување“, изјавила Мерима.