Холандската репрезентација утре го игра првиот натпревар на ова ЕУРО.

Холандија утре на Јохан Кројиф во Амстердам во 21 часот ќе се соочи со селекцијата на Украина.

Селекторот на домашниот тим веќе остана без Вирџил Ван Дијк, кој не успеа да се опорави од сериозната повреда и да биде подготвен за ЕУРО, а пред неколку дена Дони Ван Дер Бик се повреди на тренинг.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед ќе го пропушти целиот турнир, а барем првиот натпревар ќе го пропушти Матијас Де Лихт, но не се знае дали ќе биди подготвен за останатите натпревари. Стоперот на Јувентус, исто така, доживеа истегнување на мускулот на тренинг.

Бур претходно ги наведе следниве играчи:

Претходно, тој ги вклучи следниве фудбалери на списокот:

Голмани: Јаспер Цилесен, Тим Крул, Маартен Стекеленбург.

Одбрана: Патрик ван Аанхолт, Натан Аке, Дејли Блинд, Дензел Дамфрис, Матијас де Лихт, Јурин Тимбер, Жоел Велтман, Стефан де Вриј, Овен Вијндал.

Среден ред: Рајан Грејвенберх, Френки де Јонг, Дејви Класен, Теун Копмајнерс, Мартен де Рун, Георгинио Вајналдум.

Напад: Стивен Бергуис, Мемфис Депај, Коди Гакпо, Лук де Јонг, Дониел Мален, Квинси Промс, Вит Вегорст.

Освен со Украина, Холанѓаните во група ќе ги одмерат силите со Австрија и репрезентацијата на Македонија.

Овие лоши вести за Холандија, одат во пролог на нашата репрезентација.