Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.

Непроменета останува состојбата на пациентите што се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во земјата во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, по еден пациент на Клиниката за токсикологија, на Клиниката за детска хирургија, на Клиниката за пулмологија и во ГОБ „8 Септември“, како и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, велат од таму.

Текстот Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени е превземен од МАКФАКС.