Уште еден Македонец има шанса за медал на Олимписките игри во Токио. За волја за вистината медалот нема да го добие Македонија, туку ќе замине во САД. Нашиот фудбалски стратег Владко Андоновски, кој е селектор на женската фудбалска репрезентација на САД на пенали ја совлада селекцијата на Холандија, откако регуларниот дел заврши 2:2. Со оваа победа Андоновски и неговите избранички се пласираа во полуфиналето каде ќе се сретнат со Канада која исто така на пенали ја совлада селекцијата на Бразил. Во второто полуфинале ќе играат Шведска и Австралија кои беа поуспешни од Јапонија со 3:1, односно од Велика Британија со 4:3.