Амбасадата на Украина во Босна и Херцеговина испрати нота до Министерството за надворешни работи на БиХ во која бара детални информации за потеклото на украинските предмети од културното наследство, што претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик му ги претстави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на неговата посета на БиХ на14 Декември.

Лавров: Русија е еден од гарантите на Дејтонскиот договор и ги почитува Дејтонските принципи на внатрешната организација на БиХ.

Министерството за надворешни работи на БиХ ја потврди оваа информација за Радио Слободна Европа.

Лавров во Сараево со поддршка за Дејтонскиот договор: Народите во БиХ треба сами да одлучат

Станува збор за позлатена икона стара 300 години, чие потекло е од Луганск, Украина, на која има печат, што ја докажува нејзината оригиналност.

Додик на Лавров му ја подари иконата за време на состанокот во седиштето на Владата на Република Српска во Источно Сараево.

Од амбасадата сметаат дека непружањето информации за иконата која е украинско културно наследство би значело поддршка на агресивната политика и воените акции на Руската Федерација против Украина што веќе резултирало со смрт на многу илјади украински граѓани.

Непроценливо историско богатство исчезна без трага, Интерпол ги бара украдените икони и артефакти