Европската унија ќе предложи пакет мерки за поддршка на енергијата на ветерот во Европа во време кога компаниите од овој сектор се борат со предизвици како што е инфлацијата.
Ова денеска го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.
– Уште повеќе ќе го забрзаме издавањето дозволи. Ќе ги подобриме системите за тендери во ЕУ. Ќе се фокусираме на вештините, пристапот до финансии и стабилните синџири на снабдување, рече фон дер Лајен.