За поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски е незамисливо што во Македонија имаше пасоши за криминалци кои ја загрозуваат безбедноста на државите, а нема за обичните граѓани.

„Името е променото пред две години, а тие не успеаја да спроведат јавни набавки и граѓаните да ги остварат своите права, сега министерот вели склучен е договор за 11 милијарди денари договор, а не знае јавноста ништо во врска со тендерот за пасоши, за таблички, за лични карти. И постапката течела, ама некој заборавил на граѓаните, рече Ѓурчевски за ТВ Алфа.

Тој смета дека земјата допрва ќе ги види последиците од светските моќници заради издавањето на пасоши за криминалци.

„МВР требаше списокот да го достави до сите држави во светот и кој идентитет на кој е даден за да ако лицето се појави на граница да биде проверено и МВР требаше веднаш да го извести обвинителството. Обвинителството потфрли во класификација на делото каде не станува збор само за злоупотреба на службена должност, вели Ѓурчевски.