Украинците Александр и Тетјана Урбанович вечерва гостуват во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде се дебатираше за војната во Украина.
Според него, лицата кои го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин, поддржуваат и војна и убиства на деца.
„Видете, Балканот има своја болка можам да кажам, која се одразува сега во нивното мислење кон она што се случува во Украина. Јас се трудам да ги сфатам, ама поддржувајќи го Путин вие поддржувате војна и убивање на деца“, порача тој.