Шеснаесеттина фамилии доведени во ситуација да останат без своите станови. Во таква ситуација навлегле откако претходно уплатиле за становите на фирмата „Урбан Инвест“ која изградила зграда во скопската населба Влае, јавува Тв 24.
Станарите велат дека подигнале кредити и дел од сопствената заштета ја инвестирале за да имаат сопствено живеалиште. Откако ја уплатиле сумата за становите почнале да се вселуваат – но во моментот тврдат дека се соочуват од опасност да останат без живеалиште поради како што велат несовесното работење на фирмата „Урбан инвест“ која во моментот е влезена во стечајна постапка поради долгови кон трети страни.
Станарите се доведени во ситуација да си ја докажуваат својата сопственост на суд, дел од нив веќе има имаат и правосилна пресуда за сопственост, но врз имотниот лист имаат извршители. Стравуваат дека доколку фирмата „Урбан инвест“ не си ги подмири долговите кон доверителите нивните станови ќе се најдат на продажба.
(Целата сторија прочитајте ја на ТВ 24)