Денеска е постигнат договор меѓу Министерството за правда и Управата за матични служби.
Ова денеска на прес конференција го посочија од независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, од каде велат дека усогласени се барањата околу колективниот договор со Министерството за правда, поради што се откажува денешниот протест пред Министерството.
Колективниот договор, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник.
Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии.
Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата.