Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари без скалесто покачување на останатите ќе предизвика колапс во системот на плати во администрацијата и правосудството каде голем дел од веаботените ќе примаат минималец – предупредува синдикатот на УПОЗ.
Обвинија дека државата не ги почитува законите кои ги носи и 5.000 до 8.000 работници и до сега земале под минимална плата или 14.500 денари наместо 15.200 колку што е минималецот.
Предупредуваат дека ако до април не се реши проблемот, ќе има протести или штрајк.