Кожата е најголемиот орган во човечкиот организам кој го штити нашето здравје. И покрај ова, честопати грижата за неа е занемарена или недоволна. Сепак, сите сакаме да имаме негуван изглед на кожата и лицето, без брчки и флеки. Како што старееме, така и на кожата ѝ треба подобра и посоодветна нега.
Во позрелите години, таа не може сама да се избори со штетните надворешни влијанија, па ако негата е недоволна, побрзо пропаѓа и се јавуваат знаци на стареење.
Препаратите со кои ја негуваме, но и сето тоа што го внесуваме во организмот, се рефлектира на изгледот на кожата. Кожата ја памети секоја наша постапка. Таа е огледало на нашиот живот. За таа да изгледа затегнато, младолико и негувано, голема улога имаат витамините. А прв меѓу нив е витаминот А, кој може да се внесе преку храна, но може да се најде и во составот на разни кремови.
Витаминот А е клучот за здрава кожа
Неопходен е за одржување и обнова на виталните кожни ткива. Ги намалува воспалителните процеси, па со самото тоа е одличен во борбата против акни и мозолчиња.
Ако на телото му недостига витамин А, кожата може да стане сува и да изгуби еластичност. По 40-та година, неопходно е да го вклучите овој витамин во исхраната и негата, велат експертите.
Во намирниците како компир, морков и зелјест зеленчук има најмногу витамин А, како и бета каротен од што се синтетизира овој витамин.
Кога зборуваме за витамин А и кожата, важно е да спомене неговиот дериват – ретинол, како надворешен начин на додавање витамини за лице. За да ја задржи кожата влажноста и еластичноста, кремовите со ретинол се вистински избор за негата на лицето. Не постои магичен рецепт за совршена кожа, но кремовите со ретинол против брчки се најблиску до таа цел.
Ретинолот има моќ да го забрза обновувањето на кожата и ја спречува појавата на брчки. Кожата станува помека и подобро тонирана. Микрокапсулите на ретинолот исто така создаваат невидлив штит на кожата кој го спречува губењето на влага, а тоа е една од причините за појава на брчките, како што се оние околу очите.
Сечија кожа различно реагира на ретинол. Може да се појави црвенило и минлива осетливост кај луѓето кои во својата кожа немаат доволно рецептори за нега. Рецепторите за ретинол се протеини што природно се наоѓаат во кожата и служат како транспортери кои овој дериват на витаминот А го распоредуваат во клетките на кожата и на тој начин го стимулираат производството на колаген.