Од неговиот кабинет денеска потврдија дека вицепремиерот во претходните три работни дена бил на одмор, но не ја открија дестинацијата на која отпатувал, како што и не ги демантираат информациите дека бил во Дубаи
По неколку дена отсуство од јавни настапи, но и од социјалните мрежи, вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, се огласи на социјалните мрежи со информација за неговите попладневни активности.
„Работен состанок со партиската Централната изборна комисија. Сè е подготвено за првите директни внатрепартиски избори коишто на 21 март, ги организира токму СДСМ. Во 80 општини ширум земјава, во секоја Општинска организација на СДСМ, в недела ќе бидат отворени гласачките места“,
напиша Николовски најавувајќи ги изборите за лидер на социјалдемократите, на кој единствен кандидат е актуелниот претседател Зоран Заев.
Повеќе на 360 степени.