Љупче Смилев е 23-годишен самохран татко, отсекогаш сакал семејство , не пораснал во семејство со мајка и татко и спиел по улици и домови за деца без родители.
Мајка му го оставила на 5 месеци и никогаш повеќе не се вратила, живеел колку толку добар живот се до 2012, кога баба му починала.
По тој момент тој и неговиот татко запаѓаат во тешка финансиска ситуација, немале ни за храна ни за основни услови. Татко му за да има да го прехрани бил принуден на кра жба, но таквите работи го ставиле зад решетки.
-Кога татко ми заврши зад решетки, ситуацијата стана многу полоша, моравме да го продадеме станот поради долгови, јас на 13 години морав да одам во малолетни домови, сменив неколку бев во Струмица, па потоа во домот ,,25 мај” во Бутел.
-Откако станав полнолетен го напуштив домот, имав ветувања од социјалните служби дека ке ми најдат покрив над главата, но кога дојдоа да ме посетат ми рекоа ,,што правиме сега со тебе”, ми рекоа да се снајдам како знам и умеам.
-Останав во Скопје уште месец-два кај некој пријатели, но потоа се вратив во Штип и спиев по улици цела година, народот ме гледаше со други очи, никој не сакаше да ми помогне, не сакаа да ми дадат ни корка леб, често бев гладен, низ солзи вели Љупче.
По овие моменти тој нашол работа, се вработил на стадионот во Штип како чувар, животот му се подобрил, но набргу дошло ново раководство во клубот и го набркало. Повторно завршува на улица, но не чекал многу и нашол нова работа овој пат во авто перална. Во договор со газдата таму и работел и спиел.
И кога помислил дека овде ќе се задрже, по саму 6 месеци авто пералните морале да се срушат и морал да замине. Очајно поднесува документи за работа во штипската болница, и за среќа бил примен. Таму ја запознава Ирена со која започнува врска и која ќе му го роди неговиот син Андреј.
-Се одеше како што треба, планиравме и да се венчаме, тогаш го добив најскапоцениот подарок во мојот живот, се роди син ми Андреј, тој момент неможам да го опишам, летав од среќа. Почнав да барам стан под кирија за подобро утро за синот.
-Мислев дека животот ми се средува, бев среќен, но тогаш почна да се случуваат немили работи. Кога јас ќе заминев на работа, Ирена го оставаше 5 месечното бебе само дома и излегуваше. Влегла во лоши друштва, не се знаеше кога оди кога доаѓа, не дојде ни на неговиот прв роденден и еден ден си замина за секогаш, оставајќи ме мене со синот
Целата сторија прочитајте ја на Кластер.мк