Научникот кој ја разви вакцината „Спутник V“ им дава неколку совети на сите што ќе се вакцинираат против короната.
Александар Гинтсбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви оваа вакцина, вели дека е важно да се внесуваат протеини.
„Луѓето кои примаат вакцина за ковид-19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволно протеини може негативно да влијаат на производството на антитела кон корона вирусот“, рече тој.

“Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозен ефект”, изјави Гинтсбург за ТАСС.
„Сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела“, на крајот нагласи Гинтсбург.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.