Научникот кој ја разви вакцината „Спутник V“ им дава неколку совети на сите што ќе се вакцинираат против короната.
Александар Гинцбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви оваа вакцина, вели дека е важно да се внесуваат протеини.
Луѓето кои примаат вакцина за ковид-19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволно протеини може негативно да влијаат на производството на антитела кон корона вирусот, рече тој.

Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозен ефект, изјави ГинЦбург за ТАСС.
На коментарите дека луѓето кои ќе ја примат руската вакцинамора два месеца да се воздржат од пиење алкохол и да не пушат пред и по вакцинацијата, затоа што чадот од цигари ги иритира градите и го намалува имуниот одговор, Гинцбург вели дека иако не треба да се ужива во алкохол пред и по вакцинацијата „една чаша шампањ никогаш никому не наштетила“.
Сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела, на крајот нагласува тој.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.