Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) денеска соопшти дека војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври, доведе до најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година.
100 days in 100 seconds.
This has been the largest displacement of the Palestinian people since 1948.
An entire generation of children is traumatized, thousands have been killed, maimed, and orphaned.
People live through the unliveable. pic.twitter.com/qmqvwPQKL6
— UNRWA (@UNRWA) January 15, 2024
„Ова е најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година. Цела генерација на деца е трауматизирана, илјадници се убиени, осакатени и останаа сираци“, се вели во објавата на UNRWA на социјалната мрежа X.
Во 1948 година, „накба“, позната и како „палестинска катастрофа“, се случи кога израелските трупи го окупираа Западниот Брег и Појасот Газа, проследено со прогон и раселување на Палестинците низ Блискиот Исток.