Пандемијата на вирусот корона не е под контрола во Франција и нов локдаун мора да биде опција, сметаат здравствените експерти во оваа земја.

„Набљудувајќи ја ситуацијата од епидемиолошка страна, ситуацијата со ковид- 19 во никој случај не е под контрола“, изјави за BFM TV професорката Карин Лакомбе од универзитетската болница во Сан Антонио, додавајќи дека новото заклучување мора да биде опција, пренесува Ројтерс.

Медицинските експерти изразија загриженост дека Божиќните празници може да резултираат со обновување на случаите со ковид-19 во Франција и Европа.

Податоците објавени вчера покажаа дека Франција имала уште 802 смртни случаи од КОВИД 19 во последните 24 часа и уште 11.795 нови потврдени случаи на инфекција.