Катедрата за словенско-балкански јазици на Факултетот за странски јазици во Тирана, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново (Бугарија) и програмата „Еразмус+“, по четврти пат организира Летно училиште за бугарски јазик, јавува Трибуна. Настанот ќе се одржи од во периодот 1-25 јули 2025 г. и е наменет за ученици и заинтересирани лица со ниво на познавање на бугарскиот јазик од А1 до B2.
Искористете ја можноста да добиете: Јазични курсеви со стручни предавачи, запознавање со бугарската култура, литература и историја, можност за добивање меѓународен сертификат по завршувањето, развој на јазични и меѓукултурни компетенции, потврден академски ангажман со европски партнери. Рокот за пријавување е 29 јуни 2025 г. а истото се врши на електронската пошта: [email protected]. Контакт телефони се: +355 69 237 6909 | +355 69 842 0174