На денешната седница Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа- Великотрновски универзитет „Св.Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Република Северна Македонија.
Од следната академска година, според програмата на Универзитетот во Северна Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.