Лиценцата за отворање на Факултетот за здравствени науки, Мерко ја побарал уште во април веднаш по формирањето на техничката Влада и доаѓањето на Талат Џафери како технички премиер.

Во образложението на дозволата за формирање ваков факултет пишува Меѓународниот универзитет Струга ги исполнил условите за формирање Факултет за здравствени науки, објави МКД.мк

Од Миинистерството за обрзование и наука (МОН) за МКД.мк велат дека не станува збор за медицински факлутет кој ќе образува лекари туку за факултет кој треба да изнедри нови медицински сестри и друг здравствен персонал.

„Поради потребата од повеќе здравствени работници во државата, Владата во изминатиот период поддржа повеќе иницијативи за основање на нови единици во состав на неколку високообразовни установи кои ќе реализираат студиски програми од соодветната област. Во состав на МИТ универзитетот во Скопје, на Меѓународниот Балкански Универзитет, како и на Европски универзитет веќе работат Факултети за дентална медицина. Дадени се согласности за почеток со работа на Факултети за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа, Меѓународниот Балкански Универзитет и Меѓународниот Универзитет Визион. Исто така од страна на Владата дадено е и позитивно мислење за основање на Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга, каде ќе има тригодишни студии за медицински сестри. Погрешна е информацијата дека ќе има студии за едукација на доктори. Решение за почеток со работа, како и акредитации на студиски програми издава Агенцијата за квалитет на високото образование“, велат од МОН за МКД.мк

Наспроти ова, пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, уште во април годинава реагираше на намерата на Меро да отоври Факултет за здравствени науки.

“На тој Меѓународен универзитет на Мерко нема никакви услови за такви нешто,нема кадар, од каде ќе го собира кадарот, од каде ќе биде тој стручен кадар.Кога ние тешки услови имаме за формираните кадри на тетовскиот универзитет, нема дури и на штипскиот универзитет, да не зборуваме за битолскиот, тој ќе отворал кадар.Тоа е само отворање на кадар за перење на пари и давање на дипломи.Прво докторската ненострифицирана диплома на Рамиз Мерко е од Нови Пазар. Мерко има наставно-научно знање вонреден професор, тоа е срам”, реагираше Илиевски во април годинава.

Отворањето Факултет за здравствени науки во Струга доаѓа откако годинава, во средното училиште Нико Нестор беше укината медицинската насока.