Високиот комесаријат на ОН за бегалци УНХЦР сака земјите од Европската унија да примат 42.500 авганистански бегалци во следните пет години, изјави а во Брисел еврокомесарот Илва Јохансон и додаде дека тоа е „остварлива“ цел. Таа ова го рече на форумот за заштита на авганистанските граѓани во опасност, на кој се собраа повеќето земји-членки на Унијата, УНХЦР и Меѓународната организација за миграција, ИОМ.

Advertisements

Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди процени дека во следните пет години, околу 85.000 Авганистанци ќе мора да се преселат од соседните земји на Авганистан, во други земји. Според неа, Гранди предложил ЕУ да прифати половина од тие бегалци, односно 42.500. „Мислам дека тоа е остварливо“, рече таа, додавајќи дека „некои земји од ЕУ не можат да донесат одлука за прифаќање бегалци сега, бидејќи тие се во процес на формирање влада“, што е случај во Германија.

Прикажи повеќе