Бројот на Украинци кои избегале во соседните земји од борбите во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи на околу 368.000 и нивниот број „продолжува да расте“,соопшти денеска УНХЦР.
„Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти“, соопшти УНХЦР во пораката на Твитер. Претходно агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци. УНХЦР објави дека бројот на луѓе кои бегаат од руската инвазија постојано се менува.